Преку 50 земји учеснички на NEM 2017, „Еден на Еден“ единствени од Македонија

Преку 800 учесници од 50 земји, 53 панелисти и преку 30 спонзори, се само некои од бројките со кои овогодинешниот New Europe Market може да се пофали и што го прави најуспешниот NEM до сега. „Еден на Еден“ беше единствената агенција учесник од Македонија.

Медиската конференција посветена на телевизиската индустрија со посебен нагласок на Средн и Источна Европа се одржуваше од 12 до 15 јуни во Дубровник. Петтиот роденден на NEM беше обележан со посетата на актерот Мајкл Ведерли, многу одлични панелисти, интересни информации, учество на министерката за култура на Република Хрватска и импресивни бројки.

NEM 2017 помина во знакот и на силните панели и презентации, кои на гостите им послужијиа како инспирација и прилика за проширување на знаењата. Изет Пинто, основачот и претседател на „Global Agency“, одишеви со својата инспиративна приказна за скромните почетоци на агенцијата која порасна во една од најголемите независни дистрибутери на текевизиски формат.

Еден од панелите кои предизвикаа најголем интерес, пак, „Не можете да ме запрете: моќта на ТВ каналите“, ги собра најјаките имиња на овогодинешниот NEM. Панелистите донесоа заклучок дека не е вистина дека постојат премногу канали, туку проблемот е што на пазарот има премалку канали со квалитетна содржина. Нагласија дека пазарот мора да содржи свежа, јасна, релеванта и интересна содржина, која ќе ги заинтересира гледачите.

Меѓу панелите кои предизвикаа најголем интерес, беше и оној посветен на Free To Air каналите и нивната доминација меѓу телевизиската публика. Која е тајната на нивниот успех открија челниците на големите национални телевизиски куќи на Средна и Источна Европа.

NEM на гостите им овозможи и ексклузивен скрининг во вид на NEM Showroom, приватна арена во која заинтересираните можеа да ги гледаат новите формати на реномираните дистрибуциски куќи

Покрај панел-расправите, NEM е веќе докажано одлично место за networking, спојување на нови партнери и договарање на соработки.

Во само четири дена, NEM докажа дека е релевантен фактор и важен играч на динамичното европско тло и верен партнер на сите свои посетители во поглед на новитетите, трендовите и поврзувањето на пазарите. Се што може да се каже на крај е: Се гледаме на NEM 2018!