Првиот подарок за свадбата Ковачевиќ го доби во „Еден на Еден“

Бројни обожавателки вчера чекаа пред студиото на „Еден на Еден“ каде се снимаше епизодата со Саша Ковачевиќ. Српскиот пејач беше пречекан со многу љубов од сите присутни во публиката, но не остана само на тоа.

Две верни обожавателки, на Ковачевиќ му донесоа подарок за неговиот нов ресторан во Белград.

Ковачевиќ во „Еден на Еден“ зборуваше и за новиот бизнис, снимањето низ Мароко, но и девојката и неговата улога како татко.

Епизода која не смее да се пропушти — гледајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.