Работи што луѓето ги праќале во вселената

Вселената од секогаш била актуелна за истражување. Покрај тоа што до сега се праќале луѓе и кучиња, британскиот „Telegraph“ направи листа на предмети што луѓето ги пратиле во вселената. Дел од работите се тотално бесмислени, како на пример песната Johnny B Goode од Чак Бери, може таму горе не го сакаат Бери како ние.

Во текот на последните педесет години човекот има испратено најразлични предмети во вселената кои се дел од човечката историја.

Ова се дел од предметите кои се најдоа на листата што ја направи „Telegraph“.

1. Песната Across the Universe од Битлси
2. Лего мини фигура од Галилео
3. Снимка од бакнеж меѓу мајка и дете
4. Фотографии од Оксфорд
5. Цртеж од пенис направен од Енди Ворхол
6. Сперма од морски еж
7. Песната Johnny B Goode од Чак Бери
8. 25.800 пораки од Австралија, проект од 2009 година
9. Фудбалска топка
10. Џиновски 3D принтер
11. Кеси за повраќање
12. Саксофон
13. Рендгенска снимка од рака
14. Парче од авионот со кој браќата Рајт летале во 1903 година
15. Посмртните останки на Џин Роденбери, авторот на Star Trek
16. Црно-бел дијаграм од човечки полови органи
17. Четири лименки Coca-Cola и четири лименки Pepsi
18. Часовник и шал на Амелија Ерхарт
19. Порака од претседателот Џими Картер од 1977 година
20. Цртеж од Мики Маус
21. Снимка од автобус
22. Снимка од океански бранови
23. Филмски постер од Вал Килмер во Top Secret, 1984 година
24. Снимка од смеење
25. Дијагам во боја од ДНК структура.