Ќе си славам дома сам: Слаткар и Сања имаат син

Раперот и продуцент Слаткаристика и неговата сопруга Сања Николиќ станаа родители.На синот, Сања и Слаткар му дадоа интересно име, Моша. Екипата на Еден на Еден им честита, нека е жив и здрав!

„Нема славење поради целава состојба. Ќе си славам дома сам. Бебето и Сања се супер. Ќе си ги земам дома за Велигден и ќе славам со нив“, изјави Слаткар за Еден на Еден по раѓањето на синот.

Во времето на изолација поради коронавирусот, Слаткар за Еден на Еден откри како им поминува времето дома со Сања, пред да се роди синот.

„Лежиме, јадеме, гледаме филмови, пак јадеме, се караме, али нема бегање, мора да се смириш. Се смируваме, јадеме, гледаме филм што мене ми се свиѓа а на неа неа, и така пак се скаруваме и си легнуваме“. Една од најинтересните емисии во Сезона 9 ни беше со Сања и Слаткар, а особено моментот кога Слаткар читаше злобни коментар за него. Ѕирнете на линкот: