ШОКАНТНО! МАКЕДОНЕЦ ЗНАЕ КАДЕ ЗА НОВА!

Неверојатно но вистинито! Откако веќе сите почнаа да губат надеж дека ќе добијат добар одговор на прашањето “Кај за Нова?” се појави тој!

Тој е обичен човек кој деновите ги поминува како и секој обичен човек. Ги облекува фармерките една нога по друга. Не прави ништо посебно што вие не го правите.

Но сепак, овој човек успеа да стане жива легенда поради тоа што знае каде за Нова!

Имено, лицето со иницијали П.Р. пред неколку дена било запрашано “A бе…пер…кај за нова бе пер?” од страна на негов другар, по што П.Р. одговорил со конкретни планови за новата година.

“Шокиран сум. Мислев ќе ми каже дека не знае и нема никакви планови. Се шокирав од неговиот одговор.” – вели другарот на П.Р.

Имено, научниците од НАСА го бараат овој македонец што знае каде за Нова година за да го испитуваат.

“Се сомневаме дека е вонземјанин. Можеби не е ни човек. Не знаеме што е, ама македонец сигурно не е” – велат научниците од НАСА.