Симон Трпчески: Сакам да го дишам воздухот во Италија

„Како и цел свет, и јас сум вклучен во оваа катастрофа“, вели маестро Симон Трпчески. Тој за прв пат беше гостин во Еден на Еден, но во емисијата „Седи си дома“. Поканата да дојде во студио, ја прифати откако ќе заврши лошата состојба со ширењето на коронавирусот.

„И да сакам не можам да излезам од државата. Приземјен сум, иако од минатата недела веќе е откажани концерти до крајот на април. Требаше да свирам со во Загреб со филхармонија, па да одам во Шпанија, па во Манчестер. Ќе треба да причекаме. Убаво е што ве имаме вас да нѐ анимирате“, му рече Симон на Жаре. За добро расположение тој ја засвире и ја запеа македонската народна „Јано мори“.

„Во скоро време не сум бил во Италија, но бев во Шпанија. За Италија велам дека сакам воздухот да го дишам, не во моментов. Малку црн хумор“, се пошегува македонскиот пијанист со светска слава.

За почитувањето на препораките за изолација, тој рече дека ги почитува 90 и нешто проценти. „Излегувам само на еден час со децата“. Целата емисија „Седи си дома“, погледнете ја на линкот: