Слаткар и Сања: Се караме, се смируваме и пак се караме

„Мора да се смириме во оваа ситуација и да си седиме дома“, изјави за нашиот сајт раперот Марко Маринковиќ- Слаткаристика.

Слаткар во свој стил објасни како му поминува времето во домашна изолација со неговата сопруга, Сања Николиќ, откако му се откажани сите планирани настапи поради опасноста со ширењето на коронавирусот.

„Лежиме, јадеме, и гледаме филмови. Пак јадеме и се караме, али нема бегање, мора да се смириш. Се смируваме, пак јадеме, и гледаме филм што на мене ми се свиѓа а на неа неа не, и така пак се скаруваме, па се смируваме и си легнуваме“, е дневниот ритуал на Слаткар и на Сања.

По Нова година, Слаткар на социјалните мрежи објави дека Сања е бремена, а тој е многу среќен што ќе стане татко.

Емисијата со Сања и со Слаткар беше една од најгледаните во Еден на Еден- Сезона 9. Една од игрите кои со задоволство ги прифатија е колку се познаваат еден со друг. На линкот, потсетете се на целата емисија: