Слекување на маички, вртење со водени коси – во Прилеп е лудо

Со кренати  чаши во чест на жртвите од Ница и со порака моџото на фестивалот – дружење, забава, љубов – да биде она по што ќе се водиме сите низ животот, Жаре и Марјана ја отворија втората вечер на „Пивофест 2016“.

Вечерта ни почна со преубавата Каролинa (не дека е наша, ама навистина беше…). Со Каролина во еден глас пееја и директори и вработени, и деца и стари, а богами – пеевме и ние.

_MG_7419

Следуваше Хари Мата Хари, стар лисец кој добро знае како да ги погоди вистинските точки. Некаде при крајот на неговиот настап дождот повторно почна силно да паѓа, но за Хари тоа беше уште поголем поттик. Излезе на дождот да пее заедно со публиката, која упорно седеше до крај.

И самиот тој утрово ни призна дека дождот баш добро му легнал, бидејќи му го додал шмекот на  неговите и онака романтични песни.

За Жаре, пак, најдоброто што заврна е што дождот всушност ги остави оние кои навистина сакаат да се журкаат, а тие за изненадување беа навистина многу.

Вечерта сите ги очекуваа „Банг ла декс“. За некои може непознати, но овие диџеи од Грција ја погодија својата целна група. Ова младиве буквално како да ги фати лудило.

Ги соблекоа маичките, мавтаа со водените коси, скокаа и го викаа она „у у“ (не ни е познато зошто уште некој би викал „у у“, ама ете… 😀 )

Се на се, одлична втора вечер. Малку накиснавме, но косата повторно ни изгледаше подобро од на Аца Лукас.

_MG_7475

Иако очекувавме дека токму за него ќе биде еуфоријата, овде во Прилеп некако сите повозбудени се за доаѓањето на Рада Манојловиќ. Градоначалникот, пак, вечерва со најмногу ќеиф ќе го пречека неговиот пријател и како што призна – омилен пејач Миле Кузмановски.

Повеќе слики од настанот:

_MG_7399

_MG_7395
_MG_7388 _MG_7386
_MG_7337 _MG_7474
_MG_7470 _MG_7429
_MG_7422
_MG_7419
_MG_7475
_MG_7478
_MG_7486
_MG_7521
_MG_7519
_MG_7514
_MG_7511
_MG_7500
_MG_7499
_MG_7950
_MG_7946
_MG_7943
_MG_7941
_MG_7916
_MG_7914
_MG_7910
_MG_7899
_MG_7883
_MG_7870
_MG_7823
_MG_7809
_MG_7795
_MG_7787
_MG_7745
_MG_7700
_MG_7695
_MG_7691
_MG_7678-1
_MG_7678
_MG_7642
_MG_7640
_MG_7626
_MG_7577