Како помина снимањето со Тин, Тино и Атанас

Новогодишниот специјал на Еден на Еден ги собра на едно место словенечкиот комичар Тин Водопивец и нашите актери Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски. На сцената, се разбира, ги дружат и Жаре и Марјан, а резултатот е една одлична новогодишна епизода со многу смеење, стенд-ап настапи, имитации, игри и импровизации.

Новогогишниот специјал ќе се емитува во редовниот термин на Канал 5, од 18:50 часот, без разлика што недела е 31 декември.

Баш пред дочекот на 2018-та, насмејте се со Тин, Тино и Атанас, овај де – Атанас и Тино, Марјан и Жаре.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СНИМАЊЕТО: