Доколку ликовите од Star Wars беа во Македонија

На 25.05.1977 е излезен првиот Star Wars филм. По тој повод, екипата на #1на1 на четириесет годишнината реши да направи една анализа насловена “Што ако ликовите од оваа франшиза живееја во Македонија?”

Јода има 900 години. Да беше македонец немаше ништо посебно да прави освен да се вози бесплатно со ЈСП до болницата каде што ќе прави дијализа. Во слободно време ќе се дружеше со Ѓоко Танески да дебатираат за тоа кој навистина ја има силата.

R2D2 и C3PO наместо со Лук Скајвокер, ќе се дружеа со Емин Брачед. Подоцна ќе бea продадени на пазар за старо железо.

Oби-Ван Кеноби е човек што порано бил фациште, а сега е стар и без никаква волја за живот. Во филмовите го среќава младиот Лук Скајвокер и му кажува приказни за неговото минато. Нешто како пензионери во автобус. Ќе седнат до тебе и почнуваат “Ех, ја порано бев опасен, имав сила, па имав еден колега што беше така млад и перспективен, слично годиште со тебе беше исто вака плаво дете убаво, па после отиде на мрачната страна и ни се прекинаа врските, пробав да го барам на Фејсбук ама не ме прифаќа :(”

Ако беше македонец најчесто ќе седеше пред кооперација со другарите од маало и ќе се фалеше како порано бил најјак, сите женски му се нуделе, и еднаш за малце ќе завршел во Црвена Ѕвезда “ама ете, србите не сакаат македонец да успее!!1!”

Хан Соло. Овој лик уствари е тешко шмекериште кое што живее по свои правила, води безгрижен живот и се бори против власта. Кај нас најчесто ќе го гледавме во Менада каде што ќе се пијанчеше и ќе ја хејташе државата велејќи “НЕМА МЕСТО ТУКА ЗА ВИСТИНСКИ УМЕТНИЦИ!”, и на дебатата “Каде пукна првата пушка во Прилеп или Куманово” ќе врати со “ЈАС ПУКНАВ ПРВ БЕ!!!”

Во остатокот од времето ќе можевме да го најдеме во некоја локална невладина организација.

Дарт Вејдер. Немаше да биде негативец туку ќе штрајкуваше против здравството кое што го остави без раце, нозе и добар респираторен систем 🙁

Прицезата Леја. Ќе искачаше секој петок со другарките на неколку пијачки додека сите останати напалени ликови од Припор, Драчево и Стајковци ќе и се пуштаа со “Шц, кукле, сакаш да видиш колку ми е голем…тракторот?” и со “Шц, женска… имаш дечко?”
На второто таа ќе одговореше со “Јок, брат имам”

И за крај нешто што воопштo не припаѓа тука ама авторот на текстов (Ѓоко) инсистира да го пише 😀 Кој би бил човечка верзија на познатиот Јода? Славој Жижек!

Мудар лик со големо искуство зад себе. Збори неразбирливо и според изгледот живее во мочуриште. 😀