За автомобилот во Вардар, за новото момче, за брачниот живот…Бејби во Еден на Еден

Автомобилот не падна еднаш, туку двапати во Вардар призна Весна Петрушевска во вчерашното гостување во „Еден на Еден“. Бејби раскажа дека автомобилот се откачил од багерот кога го извлекувале и повторно треснал во водата.

Таа нема проблем да се шегува на своја сметка сега кога сѐ помина, а за сите трагикомични ситуации од нејзиниот живот, подготвува и нов стенд-ап настап.

Весна кај Жаре зборуваше за новото момче, за детството, рели трките, за Џамбазов и за уште многу, многу интересни случки. Кога е Бејби во прашање, не треба да се сомневате дека имаше одлично шоу.

Во вчерашната „Еден на Еден“ имаше и ексклузивно интервју со поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта и ТОП 5 начини за тоа како тој би можел да стигне до Унгарија, а Жарко не пропушти да направи осврт за алармантното загадување на воздухот низ Македонија.

Во недела, во новата епизода на „Еден на Еден“ ќе ги гледаме српските актери и комичари Милан Калиниќ и Срѓан Ивановиќ. „Еден на Еден“, секоја недела од 18:30 на „Канал 5“.