Студиото одамна не било толку полно…и весело!

Многу позитивна енергија и многу музика имаше на последното Еден на Еден снимање! Ни беше чест што го пречекавме легендарниот Горан Бреговиќ, но и фантастичните Оркестар Агушеви и Васка Јанковска.

Оние што беа во публиката може да ви кажат дека си поминавме екстра, а тоа може да се види и по неколкуте фотки кои ги направивме во текот на снимањето. Останатото време го поминавме во играње, потпевнување и слушање на сите интересни приказни од Брега.

📺 Не ја пропуштајте #1на1 – недела 18:30 Канал 5 📺