Суперхикс и Петко ни доаѓаат на гости во Еден на Еден!

Нашиот колега од Телма – кучето Петко ни доаѓа на гости оваа сабота во новата епизода од седмата сезона на нашето шоу. За првпат на било која телевизија, кучето Петко без цензура ќе ни објасни каков е животот кучешки во нашата држава.

Освен единственото куче што може да говори, на гости во третата епизода од оваа сезона ни доаѓаат и Суперхикс. Тие токму во #1на1 за прв и последен пат ќе ја отсвират нивната нова песна “После толку години”.

Се надеваме дека ќе уживате и оваа сабота во 19:15 часот на Телма ТВ!

 

 

Update: Во меѓувреме излезе и епизодата, така да…бујрум! 🙂