Тарик Филиповиќ: Живеам со жена, деца, баба и куче

Тарок Филиповиќ за Еден на Еден откри како живее дома во Загреб во изолација со семејството. Хрватскиот милионер беше гостин во правата “Еден на Еден“ – „Седи дома квиз“ и изјави:

„Еве сме ние петминма, плус малото куче, мајка ми и татко ми се во другиот стан, и тие се ред, работа, дисциплина. Всушност, повеќе нѐ потресе земјотресот. Загреб е баш ранет, морам да признаам“, му рече Тарик на Жаре.

На прашањето на Жаре како се снаоѓа со сопругата за време на изолацијата. Тарик вели:

„Знаеш што, јас купив бои за коса. И секоја вечер, таа ја бојадисува косата во друга боја, па кога ќе се разбудам: О, добро утро! Вие сте? И така. Па јас сум малку доктор, па оџачар, грижлив градинар…“.

Актерот и водител има и свое мислење за состојабата со коронавирусот:

„Мислам дека сето ова што се случува не е без некоја причина, и дека ќе се добие можност за некој нов почеток. Инаку, светот во кој живееме на мене не ми се допаѓа, во кој правец оди, и имам чувство дека сето ова ќе се распука, еве и сега пука полека. Тоа трчање по капиталот, по профитот, газење, занемарување на земјата, игнорирање на бедните, игнорирање на сиромашните, не е добро. Особено на нас во регионот, не ни требаат поплави и вакви работи за да сфатиме дека треба да бидеме луѓе едни спрема други, да се научиме да се почитуваме едни со други, а љубовта ако се случи, секогаш велам дека е добредојдена. “

Целата „Седи дома квиз“ гледајте ја на следниот линк: