Тијана Дапчевиќ и Илина Арсова

Вчерашната епизода од шоуто Еден на Еден не држеше залепени за тв екраните од почеток до крај, а започна со феноменална пародија на Среќни Коцки, квизот на Драган Вучиќ. Јамб Коцки со Жарко Коцкица беше нешто што не насмеа до солзи и се надеваме дека истото ќе имаме можност повторно да го гледаме во шоуто многу наскоро.
Оваа епизода имаше две одлични гостинки. Тијана Дапчевиќ зборуваше за животот во Белград, дружбите со со српскиот премиер Ивица Дачиќ, Лепа Брена, Цеца, Харис Џиновиќ и Дуда Ивковиќ. Кога се зборуваше за Евровизија, таа даде исклучително оптимистичка прогноза.
Првата Македонка на врвот на Монт Еверест, Илина Арсова беше следна. Дознавме за нејзините авантури пред Монт Еверест, а навистина уживавме во неверојатната приказна за совладувањето на највисоката планина во светот.

Уживајте во одличната епизода