(ВИДЕО) Како настана „Не кани ме“ на Миле Кузмановски

Хитот „Не кани ме“ настанал за само еден ден, му откри Миле Кузмановски на Жаре во Еден на Еден.

Ја слушнал во автомобил, на касета и била снимена само со гитара и со мелодија.

Миле Кузмановски се подготвува за снимањето на Еден на Еден

Познатиот фолк-пејач, во недела од 18.30 на Канал 5 ќе раскаже многу повеќе од оваа приказна. За кафаната, за тоа дека за малку ќе пеел на погрешна свадба, за тоа што работел пред да почне да се занимава со пеење… Она што не е за пропуштање е и една ептен оригинална игра.

Ѕирнете во видеово како настанала „Не кани ме“, а за другите приказни, еве кај е недела.