Владо Јаневски и Весна Бејби заедно на журка

Оваа фотка е само за носталгичари. И ретка можност е да се видат Весна Бејби Петрушевска и Владо Јаневски на едно место. Сликана е некаде во деведесетите, во некој од скопските ноќни клубови, а ја објави Микица Трујкановиќ, наш познат ликовен уметник на својот Фејсбук профил.

Зад Весна ѕирка музичарот Владимир Крстевски- Франц, поранешниот гитарист на „Ноакут“ кој сега живее во Америка. И уште една скопска легенда препознаваме овде, а тоа е Орде Димишков, кој речиси 40 години се грижи за доборото озвучување на сите поважни концерти и настани кај нас. Владо на сликава е изгледа во филмот „некаде помеѓу „Ластовица“ и „Не зори зоро“ на „Евровзија“. А Весна Бејби е како во времето на „Вртелешка“.

Емисијата со Владо во Сезона 10 на Еден на Еден беше една од најгледаните. Нешто што се памети е приказната за тоа зошто Владо си заминал од свадбата на Каролина Гочева и ја оставил Калиопи, која му била партнерка на свадбата, да оди без него. Погледнете ја таа приказна: