Влатко Стефановски во „Еден на Еден“
![](https://www.edennaeden.mk/wp-content/uploads/2018/02/1-3.jpg)
Оваа недела во студиото на Еден на Еден гостува единствениот Влатко Стефановски. На каучот кај Жаре, Стефановски зборува за неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“ и концертите кои следуваат во Македонската филхармонија.
Покрај тоа, ќе го видиме и во едно поинакво светло. Стефановски зборува за религија, за Скопје, за неговите патувања, неговиот најверен фан од Норвешка…
Не ја пропуштајте Еден на Еден со Влатко Стефановски оваа недела 18:50 часот на Канал 5.