За прв пат – Македонски Алтернативни Награди

На луѓето од Бла Бла Тв им текна дека конечно некој треба да ги награди оние што веќе 30-тина години работат на авторска, алтернативна музика. Не дека нас не ни текна претходно, но сепак секоја чест за идејата на Бла Бла ТВ која на првите Македонски Алтернативни Награди – М.А.Н. ќе додели 30 идентични награди „за особен придонес на развојот на македонската алтернативна музика ”. Наградени оваа година ќе бидат следните:

С.А.Ф, Чиста Околина, Аго (Моуст Вантед , Темната Страна), Да Џака Накот (Легијата), Ласт Експедишн, Мизар, Архангел, Бернајз Пропаганда, ПМГ Колектив, Анастасија ,Санаториум, Смат, Т.Б. Трачери, Стринг Форсис, Горан Трајковски- Готра(Падот на Византија), String Forces, К.У.Р., Лоши Деца, Верка, Мозаик, Сашко Гигов Гиш(Ла Колони Волвокс), Конкверинг Лајон, Суперхикс, Бла Бла Бла, Кирил Џајковски, Гуру Харе, Фолтин, Мугер Фугер, Канал 103, Фрешко, Шурбе, Логин (Пасворд продукција), М.К.Ц., Мите Димовски (продуцент, студио Тра Ла Ла).

Манифестацијата М.А.Н. ќе се одржи на 30 мај на ШКОЛКА, Градски парк со почеток од 12:00 и ќе трае до раните утрински часови.