Заев откри која му е омилена песна во Еден на Еден

Зоран Заев во неформално издание ќе го гледаме во недела во Еден на Еден, на Канал 5 од 18.30. Лидерот на СДСМ раскажа дека има 18 другари со кои што се дружи цел живот, и колку му е важно семејството.

Една од впечатливите приказни е и Нова година која ја славел со децата од Заводот за заштита Бања Банско, 13 години по ред.  

Во низата приватни и професионални разговори, Заев откри и која му е омилена песна. На прашањето на Жаре, која песна сака да си ја нарача кога сака да се орасположи, тој одговори дека една од нив е „Сношти минав“.

Изненадување му приреди бендот на Гуру Харе, свирејќи ја песната во нов аранжман, што дополнително го орасположи.

Заев беше расположен и опуштен и додека се подготвуваше за снимањето.