Збогум седма сезона!

Па луѓе, после четирите “Бонус Бест-oф” епизоди, време е да ги спуштиме завесите за сезона 007 од #1на1.
Оваа сезона имавме 25 епизоди со гости од најразлични вокации и нации во чии што гостувања се надеваме дека уживавте, се смеевте и се чувствувавте инспирирано. Освен стандардните епизоди, во седмата сезона имавме и неколку невообичаени изданија во кои можевте да уживате во нашите новогодишни, скеч, и “best of” епизоди. И оваа сезона нè дружеа Пеперминт и Спасе, а освен нив публиката можеше и да се запознае со нашиот “вицепремиер” Мешевски, а богами и да ужива во рап битките на македонските познати личности.
Сезонава сменивме телевизија, сменивме студио, а богами и сменивме долен веш од време на време. Но и покрај тоа што нашиот тим цело време се менува во надеж да ви го донесе најзабавното можно шоу, едно нешто никогаш нема да се смени – фактот што нашата публика е најдобра! (а и Жаре нема да се смени поради тоа што никој не сака да ни го земе 🙁 )
Ви благодариме за поддршката и се гледаме во сезона 8 со уште подобра содржина!
А сега, време е за одмор и планирање на нови идеи. Секако, остануваме да се дружиме на оваа наша фејсбук страна и на инстаграмот кој за жал или среќа, си го води Жаре химселф 🙂
Поздрав од целата #1на1 екипа!