Зошто да работите за себе?

Не постои дилема дека работењето за себе е исклучително тешка работа. Посебно доколку имате и други вработени. Како секој месец да најдете работа за фирмата, како да ја наплатите, да обезбедите плати за вашите вработени, да ги трпите нивните способности и неспособности, да се занимавате со инспекции, контроли и сл. Се на се огромен број проблеми кои исцрпуваат и кои ве тераат таа работа да си ја замените со сигурна работа и сигурна плата, без која разлика колкава е ја обезбедува некој си друг.

Од друга страна пак задоволството кое го постигнувате работејќи за себе е неспоредливо со чувството кое го имате кога работите за некој друг. Токму поради тоа, на крајот на денот реткој кој успеа да изгради бизнис со кој барем малку застанал на нозе би сакал да го замени за работа за некој друг. Токму поради тоа, дури и во овие тешки времиња можеби вреди секој да се обиде да го работи тоа што сака и да се обиде да се стане сопствен газда

Еве зошто:
1. Работите кога сакате и од каде сакате. Не постои работно време од 08-16 да речеме. Еден ден ако сакате одите во канцеларија, другиот работите од дома. Не мора да следите кодекси на облекување или однесување како што некој ви ги наметнал. Секако некогаш ќе работите и по 15 часа на ден, но кога ќе сакате да одите на одмор не мора да прашувате за дозвола од вашите шефови или да го закажувате одморот шест месеци одназад
аа

2. Работите работа во која уживате. Без дилема една од најдобрите работи кои ги имате работејќи за себеси. Сами си одлучувате што ќе работите и веројатно го бирате она во кое сте најдобри и кое ви прави ќеиф. Всушност кога работата што ја работите ве исполнува таа всушност е дел од вас и е хоби и работа во исто време

3. Има можност да бидете корисен и за другите. Работењето за друг значи модерно платено ропство, секако вака кажано можеби е прегрубо, но сепак во основа кога некој друг располага со вашето време, вие сте корисен за него и сте платени за тоа и тука приказната завршува. Кога работите за себе може да помогне и на други луѓе и на општеството на разни начини, вашиот живот може да има некаква кауза која што вреди да ја остварите и имате можност да оставите некаков траг доколку го сакате тоа

4. Вие решавате за колку ќе работите. Ако заработувате 30,000 ден месечно и ви се доста, одлично, не ви треба повеќе. Ако сакате повеќе, запнете. Кога работите за некој друг повеќе или помалку вие сте во финансиска шина од која тешко може да мрдате лево или десно

03

5. Ќе развиете бизис осет. Работејќи ја друг правите работи кои ќе ви ги кажат. Освен за одреден сегмент, вие сте само дел од машината, но не сте самата машина. Добивате парцијални инфорамции и парцијални искуства. Кога имате свој сопствен бизнис вие сте тие кои решавате за се. Сакале или не по патот се учите што да направите и како да дојдете до целта. Никој не е позади вас, оставени сте сами на себе, а така верувајте најдобро се учи.

6. Не одговарате никому. Можеби најдобрата работа во работењето за себе. Секако, треба да си одговарате сам на себе, а тоа не е мала работа да се постигне. Но, верувајте многу подобро е да научите да си одоговарате сам на себе, отколку на полуинтелегентен шеф кој ќе ги лечи неговите фрустрации на вас.

ptg005664482

Со среќа!

М.Д.