Ајде да ја завршиме годината заедно!

Во недела ќе ја гледаме последната Еден на Еден епизода за оваа година. Екипата за Нова година подготви специјална емисија, поразлична од оние што досега ги гледавме во сезона 10.

Свој мини концерт со новогодишни, но и негови хитови, ќе има Влатко Лозаноски – Лозано, а Гуру Харе бенд ќе добие и засилување со Дамир Имери.

Жарко Збрефтов, новогодишни скечеви, незибежното прелистување на актуелните теми – се само дел од работите кои ќе ги гледаме во Новогодишниот Еден на Еден специјал.

Придружете ни се во недела, 30 декември, од 18:30 часот на Канал 5.