Ако „Пивофест“ беше ваков годинава, што ли нè чека следниот јубилеен 15. фестивал

„Пивофест 2016“ заврши синоќа со голем огномет и уште неколку одлични настапи. Зошто ние го објавуваме овој текст толку доцна? Ни требаше време да се освестиме, расониме, одмамурлосаме… Веќе треба да ви е јасно колку добро сме поминале последните четири дена во Прилеп.

Четвртата и последна вечер на најголемиот фестивал на пивото и на скарата, од чија организација со гордост може да кажеме дека бевме дел, почна со Александра Радовиќ. Дама позади и на сцената, српската пејачка ги исполни своите најголеми хитови.

Сепак, како што се повеќе се точеше пиво, така и атмосферата си бараше да биде разгорена. На големата бина следни излегоа маестралните Дарко Петровиќ и „Биг бенд“. Кулминацијата секако беше со Аки Рахимовски и „Парни ваљак“, со кои и официјално заврши овогодинешниот фестивал.

_MG_9409

Она што е добро, што следната година е 15-та и јубилејна, а како што денеска најави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, ќе се обидат да донесат светски атрактивни музички имиња.

Тој додаде и дека „Пивофест“ прерасна во бренд на Прилеп и на Македонија.

– Годинава стотици илјади гости дојдоа од цела Македонија и од странство и јас би рекол, манифестацијата стана надвременска, зашто и покрај дождовите речиси секој ден, ништо не го наруши функционирањето на манифестацијата четирите фестивалски дена –  рече градоначалникот.

Според Талија Петреска од невладината ЦГИ во сите четири фестивалски дена безбедноста на гостите била на највисоко ниво, а и имало и висок степен на сообраќаен ред, ако се земе предвид дека само во саботата се поставија нови рекорди со 100 илјади посетители и со 20 илјади возила.

Екипата на „Еден на еден“ едвај чека на јубилејот. Им упатуваме огромно благодарам на домаќините, кои докажаа дека навистина држи вода муабетот дека прилепчани се најдомаќини во Македонија.

Еден е Прилеп, еден е фестивалот!

Слики од последниот ден:

_MG_9394
_MG_9393
_MG_9391
_MG_9380
_MG_9376
_MG_9372
_MG_9367
_MG_9356
_MG_9343
_MG_9338
_MG_9331
_MG_9316
_MG_9314
_MG_9303
_MG_9293
_MG_9282
_MG_9273
_MG_9195
_MG_9189-1
_MG_9189
_MG_9170
_MG_9165
_MG_9131
_MG_9122
_MG_9110
_MG_9100
_MG_9076
_MG_9067
_MG_9049
_MG_9041
_MG_9029
_MG_9027
_MG_9026
_MG_9023