Антониа покажа пораки од дечкото во Еден на Еден
Својата нова песна, „Крива сум“, Антониа Гиговска премиерно во живо ја изведе во Еден на Еден, а емисијата ќе ја гледаме во недела, на 8 март, на Канал 5 од 18.30.
Пејачката која е една од најпопуларните меѓу младата публика прифати и интересен предизвик од Жаре, да ги покаже трите последни пораки кои ги добила. Едната од нив е и од нејзиниот дечко, пејачот Иван Јованов.
Антониа раскажа интересни приказни од времето на мјузиклот „Тајно моја“ во кој ја имаше главната улога, и за „Евросонг“ во Тел Авив каде што беше во улога на придружен вокал на Тамара Тодевска.
Антониа е дел од осмомартовската Еден на Еден заедно со ракометните судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.