Новогодишната епизода на Фчерашни новости

Новата година започна со уште една одлична епизода на „Фчерашни новости“. Во новогодишното издание на пародичните вести, екипата откри што им предвидуваат ѕвездите на политичарите во 2017 година.

Наместо Дедо Мраз, во студиото гостуваше неговиот портпарол Миле Паника, додека Васко Ефтов одговараше на прашањата на граѓаните.

Репортерите од терен известуваа за тоа како помина новогодишната ноќ и еуфоријата во Скопје, но и како поминаа докторите и медицинските сестри од Клиниката за токсикологија.

Ако по првиот ден годината се познава, по оваа епизода знаеме дека не очекуваат уште многу, многу добри епизоди на „Фчерашни новости“.

 

Епизодата број 8 се подготвува, а останете во тек со емисијата на официјалните страници на:

Фејсбук:  https://www.facebook.com/FcerasniNovosti

Инстаграм:  https://www.instagram.com/fcerasninovosti/

Јутјуб:   https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w