Бевме дел од Бизнис кафе во Скопје

Се одржа Бизнис кафе во Скопје, вчера во кафе „Стоби”. Навистина ни претставува огромна чест што бевме дел од овој настан. Првиот час од „Бизнис Кафе Македонија” беше резервиран за гостите, успешни сопственици – претприемачи, а потоа следуваше делот за прашања, бизнис вмрежување и дружење.

Покрај Жаре, кој ја преставуваше нашата маркетинг агенција, свое излагање имаа и Борјан Колемишевски – маркетинг менаџер во Скопје Сити Мол и Ангелка Пеева – Лауренчиќ, генерален директор на „Image PR“.