Блех и во Фчерашни

Со блех оркестар, како што заслужува секое пристојно отворање, беше отворена и новата епизода на „Фчерашни новости“. За сите оние што 1 Мај го прославуваа на 29 април и не стигнаа да ги гледаат пародичните вести, епизодата веќе е објавена на „Јутјуб“.

Еве што последни ќе дознаете од еп.31:

– Како помина забавата за отворањето на новиот автопат

– Ново чудо во Македонија

– Зошто навистина беше купен владиниот „мерцедес“?

– Како да се вклопиш ако одиш на Водно?

Новата епизода на „Фчерашни новости“ ќе ја гледаме оваа недела од 20 часот на Телма