Бора Чорба жртва на кражба од фанови!

Оваа сабота гости ни беа балканската музичка легенда Бора Ѓорѓевиќ од Рибља Чорба и домашната рок група Темпера составена од поранешните членови на Архангел заедно со Тања Тас како вокал.

Погледнете го откаченото “ново тв шоу” – Ла вита урбана, јавувањето на Спасе од кафеана заедно со познати македонски лица од политичката сфера, како и гостувањата на Бора и Темпера.

Следната епизода, во сабота на 28 март, ни гостува ѕвездата на ракометниот клуб Вардар – Столе Стоилов.