Чао за Крег Фергусон

Нашиот омилен лејт најт водител си заминува од американската лејт најт сцена. После 10 години водење на The Late Late Show, Крег Фергусон и CBS се разделија. Во кратки црти, продукцијата на Дејвид Летерман ги имаше во своја сопственост термините од 11:30 кога одеше The Late Show со Летерман и тој што следеше, кога се емитуваше шоуто на Крег. Кога Дејв објави дека се пензионира, а CBS објавија дека негов наследник ќе биде Стивен Колбер (сегашен водител на Colbert Report што се емитува на Comedy Central, веднаш по многу попознатото шоу на Џон Стјуарт), јасно беше дека Крег ќе ги следи стапките на својот шеф Летерман и ќе мора да си ги спакува куферите.

Сеуште е непознато кој ќе биде новиот водител на шоуто што ќе го следи Колберт. Засега низ медиумите како најголем фаворит се спомнува Челси Хендлер која во моментов го прави Chelsea Lately на E!

Крег ќе ни недостига многу на нас, екипата од Еден на Еден. Бевме негови фанови со години, но од позитивната страна сеуште ќе ги гледаме Кимел, Фалон и Конан, како и се подобриот Пит Холмс…

Еве како Фергусон ја објави веста –