Гуру Харе: До средината на мај ова ќе заврши

Еве веќе повеќе од два месеци не сме се дружеле на снимање на Еден на Еден со нашиот Гуру Харе и со неговиот бенд. Ќе мора да се стрпиме за некои подобри времиња, се надеваме дека тоа ќе бие наскоро. А што прави Гуру Харе во изолација? Пишува песни, и тоа добри.

„Карантин“ е неговиот нов сингл, инспириран од ова што во моментов сите го живееме. „Карантин, изолација, колективна хибернација. Карантин, цивилизација секој нов ден нова мутација!“, вели нашиот Гуру во новата песна.

„Па, времето го поминувам главно со гитарата, нешто филмчиња, си препрочитувам стари книги и секој момент кога е добро времето сум два часа во природа. Ова ми е малку чудно и претерано и мислам дека до средината на мај ќе биде завршено“, е пораката што ни ја испрати Харе. Додека се надеваме дека ќе се исполнат неговите прогнози, слушнете го неговиот нов хит: