Херкулес ја создаде фалангата?

Не знам колку од вас имаа желба да го спуштат, а сигурно се поретки оние кои летово решија да го погледнат и во кино, но во новиот филм за Херкулес се прикажува и создавањето на непобедлива армија, пешадијата во облик на четвороаголник, вооружен со долги копја во формација од неколку реда…звучи познато?

Иако тактиките на македонската фаланга подоцна ги презеле и другите армии, таа била осмислена од Филип II Македонски, а подоцна најупотребувана од неговиот син, барем така тврдат нашите учебници по историја.

Но, режисерот Брет Ратнер или разузданиот син на Холивуд, кој пред некоја година беше исфрлен од организирањето на церемонијата за Оскарите, во неговиот последен поп-корн флик тврди дека зад идејата на фалангата стои Херкулес (Двејн Џонсон ака Карпата ака Кралот Шкорпион). Во филмот Херклуес е само надпросечен војник, а не полубог, кој со својата екипа од фармери создаваат тренирани војници и формираат фаланга.

На страна ова, филмот дава пореален пристап кон митот за Херкулес, спакуван со многу акција и хумор, доволно добар за уз муабет со пријателите да потрошите час и половина на него. Ако ве мрзи да го погледнете цел, скокнете некаде после 1:10:00 …