Да и помогнеме на Силвана Бонева!

Го игра ли ороводецот последниот круг, дознајте последни од „Фчерашни новости“ кои неделава известуваат ексклузивно од играорното друштво „Вландовскиот конгрес“. Екипата ги посети и традиционалните и надалеку познати македонски Денови на загадениот воздух.

Еве што друго донесе вчерашната епизода 12, која веќе може да се погледне и на „Јутјуб“:

    • Ексклузивно интервју на Фчерашни со Баба Рада за реформите во здравството
    • Што чај пие премиерот?
    • Што кажа опозицијата за загадениот воздух?
    • Хуманитарна акција на Фчерашни: Да и помогнеме на Силвана Бонева!

Додека ја чекате следната недела, не ја пропуштајте можноста и да ГЛАСАТЕ за тоа која песна  следно „Фчерашни новости“ да ви ја уништат. По „Хелоу“, „Македонијо, како си“ и „Депресито“ следува уште еден хит во соработка со „Сити радио“, „Метрополис“, „Клуб ФМ“ и „Бубамара“.

Дајте го својот глас на следниот линк.