Даниел Кајмакоски и Тамара Милановиќ во Еден на Еден

По фантастичните гостувања на рускиот тајкун Сергеј Самсоненко, најдобрата светска ракометарка Андреа Лекиќ и филмската и телевизиска легенда, Драган Бјелогрлиќ, вчера имавме шанса да уживаме во уште една извонредна епизода. Жаре беше домаќин на ѕвездите од Икс Фактор и според многумина главни фаворити за победа, Даниел Кајмакоски и Тамара Милановиќ!

Поради тоа што гостуваа ѕвездите од Икс Фактор, направиме и една супер забавна пародија на реалното шоу. Верувајте, мора да ги видите Жаре и екипата во т.н. Џ Фактор!

Во своето прво појавување во македонско ток шоу, миленикот на домашната публика зборуваше за почетоците, животот во Виена, музичките тезги меѓу кои се нашле дури и свадби, детските спомени и кршењето на ногата глумејќи го Супермен и секако, Икс Фактор и тоа што Даниел очекува да се случи.

Тамара покажа дека е исклучително шармантна девојка и освен што направи многу интересен муабет со Жаре, докажа дека е одлична пејачка изведувајќи ја What’s Up заедно со Пеперминт.

Погледнете ја целата епизода и не зборавајте дека за идната недела (09.03.) во 19:10 часот ви подготвуваме уште едно врвно шоу. Гостуваат актерите од филмскиот мега хит – “Монтевидео, се гледаме”!