Џаред Лето е новиот Џокер

Џаред Лето кој неодамна доби Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „Dallas Buyers Club“, ќе ја добие улогата на најлудиот негативец од стриповите на сите времиња, Џокер, во новиот филм „Suicide Squad“.

Покрај Лето, во филмот ќе играат и Вил Смит, Марго Роби, Кара Делевињ, Том Харди и Џај Кортни.

Премиерата на „Suicide Squad“ е предвидена за 5 август 2016 година. Во филмот се говори за група злосторници, на кои им се дава можност да се „покајат“ за своите злодела пред властите, во мисија која нејверојатно би значела смрт за нив.