Драган Бјелогрлиќ: Никогаш не сум примил плата

Познатиот српски актер и режисер Драган Бјелогрлиќ вели дека никогаш во животот не примил плата. Бјела никогаш немал амбиции да се вработи во театар или во било каква институција, туку секогаш работел на проекти и за својата продуцентска куќа „Кобра“ која првично ја основал со Никола Којо, а подоцна ја работел со неговиот брат, филмскиот продуцент Горан Бјелогрлиќ.

„На своите почетоци покажував желба да одам по некој друг пат. Не да се вработам во театар и да земам плата. Јас никогаш не сум примил плата“, му раскажа Бјела на Жаре кога беше гостин во Еден на Еден. Тоа гостување беше прво на легендарниот глумец во македонско ток-шоу воопшто.

„Никола Којо и јас ја направивме претставата „Моја драга“, беше многу популарна, играше и овде, во Скопје. Тоа беше првата работа која ја направивме заедно. Подоцна ми се придружи брат ми и мојот кум па го напрваивме филмот „Лепа села лепо горе“, и тоа е првиот голем проект на „Кобра“, рече Бјелогрлиќ за своите почетоци.

Како еден од своите најважни датуми во животот, освен венчавката со сопругата Маја во 1996 година, раѓањето на ќерката Миа истата година, раѓањето на синот Алексеј во 2000 година, ја смета и премиерата на филмот, на 29 мај во 1996 година.

За Бијела исто така е важен 8 април во 1977 година, кога бил меѓу првите десет на републичниот натпревар во математика, и 15 август во 1975 година, кога освоил трето место на републичкиот натпревар во пливање. Голема важност има и датумот 26 март во 1978 година, почетокот на снимањето на култниот филм „Бошко Буха“. Потсетете се на оваа супер емисија на линкот: