Еден на Еден доаѓа во Пехчево!

И оваа, како и претходните години, #1на1 решава да ви понуди една невообичаена епизода од нашето шоу. Овој пат нашата специјална емисија ќе ви го прикаже “Еден на еден караванот” на пат кон малиот град со големо срце – Пехчево!

Бидејќи ние не се водиме од тоа “Она што се случува во Пехчево, останува во Пехчевo”, целата наша авантура ќе може да ја погледнете оваа сабота во 19:15 на  Телма!