Ексклузивно од митингот на Партијата на неопределените

„Фчерашни новости“ ексклузивно ве носи на митингот на најголемата политичка партија во Македонија – Партијата на неопределените! Eкипата оди и на терен за да ви го покаже најновото откритие на македонските археолози.

Следува уште една одлична епизода на овие пародични вести. Во неа гледајте ја и првата дебата во студиото на „Фчерашни новости“ со тема „Урбана VS неурбана мафија“ заедно со Мартин Најтинајн и двајца специјални гости.

Втората епизода на „Фчерашни новости“ гледајте ја на Телма оваа недела, 27 ноември, во 19:10 часот.

Дотогаш, посетете ги нивните официјални страници на Фејсбук“Инстаграм   и на Јутјуб“

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од  Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

Веќе втора сезона, во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.