Грашо: Многу сум приврзан кон Северина

Далматинскиот пејач и автор Петар Грашо е долгогодишен пријател со Северина. Освен музиката, ги врзува и нивниот роден град, Сплит.

Грашо, кој му беше гостин на Жаре во Еден на Еден специјалот меѓу многуте приказни раскажа и за неговата приврзаност кон Северина.

„Таа не е наметлива, многу е тивка личност. Не сака гужви и нема да ја забележите меѓу полна маса со луѓе. Јас сум многу приврзан кон Северина“, раскажа Грашо за страната на поп-ѕвездата која малкумина ја знаат. Целата емисија со Петар Грашо, можете да ја погледнете на следниот линк: