Eye Que и МК јутубери оваа недела во Еден на Еден

Новите генерации добро знаат кои се следните гости во Еден на Еден. Во недела ќе ги гледаме Марко Марковиќ – GP и Стефан Рашковиќ – Steffonator, најпознатите претставници на една нова „Јутјуб“ култура во Македонија.

Што е јутјубер, што е она што влече илјадници деца да ги гледаат нивните видеа и се живее ли од „Јутјуб“, се само дел од темите на кои GP и Steffonator ќе зборуваат со Жаре.

Но, најпрво, во студиото на Еден на Еден, директно од аеродром, доаѓаат нашите евровизиски претставници Eye Que. Измеѓу претставувањата на „Lost and Found“ во Израел и Амстердам, Бојан и Марија зборуваат за целото евровизиско доживување и очекувањата за оваа година.

Покрај тоа, ја претставуваме и Frantics, видеоиграта на која работеше македонски тим во копродукција со „Сони“.

Не ја пропуштајте новата Еден на Еден во недела 18:50 часот на Канл 5 телевизија.