Фчерашни – епизода 2

Кој е најголемиот проблем на Македонците и какви коефициенти имаат партиите на престојните избори. Ова се само дел од прашањата кои ги постави тимот на „Фчерашни новости“ во фчерашната епизода на „Телма“.

Епизодата 2 од третата сезона на пародичните вести веќе е на „Јутјуб“, а во неа може да погледнете и:

  • Нов бренд на чоколада на нашиот пазар
  • Фчерашни на терен во Центарот за обука на одврата навратувачи
  • Некнешни новости – нова рубрика во Фчерашни

„Фчерашни новости“ може да се гледаат секоја недела од 20 часот на „Телма“, како и на живо на нивната официјална страница на „Фејсбук“