Фчерашни новости – епизода 19

Ќе има ли крај конститутивната седница за избирање на претседател на македонското Собрание? Дознајте во новата епизода на „Фчерашни новости“.

Во неа, не го пропуштајте ни интервјуто со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Екипата ѝ oддаде почит и на нивната пријателка, палмата Мелиса, која не ги издржа условите за живот и микроклимата на Скопје.

Епизодата 19 нека ви биде квалитетно потрошен половина час.

Јубилејната епизода 20 веќе се снима во студиото и по улиците низ главниот град. Гледајте ја новата „Фчерашни новости“ оваа недела во 19:10 часот на „Телма“.