„Фчерашни новости“ епизода број 9

Деветтата епизода на „Фчерашни новости“ несомнено беше една од најдобрите досега. На тоа сигурно придонесоа часовите по српски јазик, повторната средба на Блажо и на Ристо преку „Скајп“, како и Првите традиционални хаику средби.

Погледнете како помина посетата на Духовден на гробот на Пржинскиот договор и слушнете ги советите на Спиро Енергија за тоа како да се спасите од инсектите и гадинките по партиска основа.

Во оваа епизода нема да ви недостига смеење:

Додека екипата на „Фчерашни новости“ ја подготвува 10. епизода,

погледнете ги необјавените клипови и скечеви на „Фејсбук“, фотографиите од зад сцената на „Инстаграм“ и потсетете се на старите епизоди на  „Јутјуб.

Пишете му и на Спиро Енергија на spiroenergija69@yahoo.com

Премиера: Секоја недела во 19:10 на Телма

Репризи: недела 23:05 часот, понеделник и четврток после 16 часот