Главни теми на разговор во 2021!

Се ближи новата година, а вие се уште ја процесирате моменталнава? Не се грижете! Тимот на #1на1 е тука да ви ги даде најдобрите совети за тоа како да преживеете “мали разговори” со соседите во 2021!

Еве како најдобро да започнете разговори следната година:

Јануари: “А брат ова 2020 хаос беше беше бе…ваљда 2021 ќе биде бољи, а? Шо викаш ти?”

Февруари: “И така викаш ти..вакцини а? Шо мислиш бе? Добри се? Ќе ги бидне? Шо знам шо да ти кажам..ќе се вакцинираш бе?”

Март: “Ова времево е хаос еј, еден ден е ладно друг ден е топло хаха, луда Марта не рекле за џабе старите хаха”

Април: “Избори а? Градоначалници нешто ќе се бираат а? Хаха, а бе тоа е брат, сите се исти не гласам ја оваа година! Ок можда ќе гласам. Ќе размислам, шо знам. Ти ќе гласаш?”

Мај: “Шо бе трет бран вирус? Хаха дај бе скара да напраиме бе луѓе ли сме шо ли сме? Ти кај ќе одиш за први мај?”

Јуни: “Шо ќе праат фудбалериве бе? Шо знам, ја викам сите ќе ги изгубат, тапа сме ние… ај барем ќе се кладиме, а?”

Јули: “Виде тој судијата како не заеба бе? Тоа е, сите судии се против нас бе! Виде ли бе???”

Август: “Кај на одмор бе? Ќе одиш? Беше?”

Септември: “Еееј септември дојде бе чоек… како вчера да беше 2020! Него шо напраи ти бе? Се вакцинираше?”

Октомври: “Глеаше вести бе? Викаат уште малце у ЕУ ќе сме влегле, само овие од Србија заебавале работа. Ај, ќе биде и тоа…”

Ноември: “Залади малце, а? Виде политичариве? А фудбалериве? Тоа е, више и теми за разговор ни снема..ај се глеаме следен месец..”

Декември: “Кај за нова?”