Го викаат Двојникот…

Сите што го гледаа, го нарекоа – ДВОЈНИКОТ. Ако по некоја случајност не сте го виделе, ова е шансата да се уверите зошто „Задоцнетиот гласач“ стана едно од најгледаните видеа од новата сезона на „Фчерашни новости“.

Во една од најдобрите епизоди на пародичните вести досега, бевме сведоци на неколку одлични прилози. Ова се само дел од нив:

– Фчерашни анализа: Како поминаа предизборните митинзи

– Откриваме: Зошто се слави во Битола

– Јавување во живо од Граѓанската асоцијација МОСТ

– Дознаваме: Кој ќе го купи владиниот мерцедес

Епизодата 4 веќе се крчка. „Фчерашни новости“ ја гледаме секоја недела од 20 часот на Телма. Дотогаш следете ги нивните официјални страници на Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм.