Гуте Фрухте селебрити одбојка (ВИДЕО)

Ако се сеќавате на хуманитарниот турнир кој го направивме за Гуте Фрухте, дојде време и да погледнете со видео како тоа изгледаше во спортскиот центар Форца. За потсетување, Гуте Фрухте и Црвениот Крст започнаа седуммесечен проект за помош на слепите и слабовидни лица. Стартот се одбележа со хуманитарен турнир во одбојка на песок на кој учество земаа познати девојки од македонската јавна сцена и преку кој се донираа речиси еден тон сокови за социјално загрозени семејства од републиката.

Бујрум видео, плакнете очи, а не е на одмет да се заплакнат и ушите! 🙂