Хелиумот се враќа во новата епизода на „Еден на Еден“

Популарните рапери Раста, Таско, Римски и Корона се гости во втората емисија од 11 сезона на „Еден на Еден“

Меѓу своите колеги од Србија, единствениот македонски гостин, Таско ќе прочита неколку злобни коментари за себе, а Раста меѓудругото ќе зборува и за разводот со пејачката Ана Николиќ.

Оваа недела, на Канал 5 од 18.30 не пропуштајте ја и премиерата на песната за новиот македонски принц во изведба на Жаре. Интересен момент е што хелиумот повторно се враќа во „Еден на Еден“, а ќе Жаре ќе ги предизвика Раста и Таско да зборуваат и да пеат на хелиум.

Погледнете ја видео најавата за да ви стане појасно што нѐ очекува во недела, на Канал 5 од 18.30.