Холивуд, број еден извозник на суперхерои!

Суперхероите се сериозен извор за правење пари во Холивуд. Изминативе години бевме сведоци за многу филмови во кои главни ликови беа карактерите од стрипови и романи. Веројатно нивните креатори не биле ни свесни колкав ќе биде успехот на овие ликови кога ќе бидат ставени на големото платно. Феноменот е толку голем па така веројатно доколку имате мало дете или внук сигурно сте забележале дека знае многу за анатурите на Спајдермен или Ајрон мен. Секако со тоа одат и полно производи кои мора да ги купите за да ги задоволите нивните желби.

Холивуд знае да продава и да извезува приказни. Осум од единаесет филмови во кои главни ликови се суперхерои генерираат до 65% од вкупната продажба надвор од САД. Светот наголемо ги конзумира овие приказни и токму поради тоа нивните продолженија не запираат.

Трошоците за снимање на вакви спектакли се многу високи, па така проценките од Холивуд велат дека за да може да се оправда продолжение на некој филм, првиот дел треба да заработи 400 милиони долари. Таква бројка тешко може да се постигне во САД, па затоа мора да се бара формула за успех надвор од најголемата економија.

Филмот Волверин е последен помина доста слабо во САД, и имаше најслаб старт на почетниот викенд од сите досегашни филмови. Но резултатите надвор од САД беа феноменални. 65% од приходите на филмот доаѓаат од надворешни пазари. Досега има заработено 350 милиони долари и сосема е сигурно дека ќе може да очекуваме негово продолжение, доколку се продолжи со ова темпо на заработка.

Европа, Јапонија и Австралија традиционално се најголемите пазари на Холивуд, но како и во се така и во филмската индустрија голема улога во побарувачката играат и пазарите во надоаѓање. Инсталирањето на кина во кои има најсовремена технологија во Русија, Кина, Индија е главната причина за зголемувањето на гледаноста во овие земји, на кои Холивуд веќе посветува големо внимание.

Филмот Ајрон Мен 3, забележа феноменални 120 милиони долари само во Кина. Иако земјата има закони кои доста ја штитата домашната продукција, сепак на продуцентите на Ајрон Мен им беше овозможено да закупатiron_man_3_new-wide-300x187 рекламно време на најледаната емисија во Кина, а тоа е новогодишната програма и тој начин да допрат до што е можно повеќе гледачи.