Јас сум Љубчо Георгиевски, а вие ќе гледате „Фчерашни новости“

Ексклузивно гостување на Љубчо Георгиевски во новата епизода на „Фчерашни новости“. Единаесеттото по ред издание на хумористичната емисија ветува дека ќе биде едно од најдобрите досега.

Покрај специјалниот гостин, во недела во 19:10 часот на телевизија „Телма“ ќе може да дознаете нешто повеќе за новиот паралелен универзум наречен „Дамјан Груев“ и за новиот лауреат на Кучевишката грнчарска колонија – Аца Лукас и неговото грне.

До недела nа нашите официјални страници погледнете ги сите досегашни епизоди и скечеви, но и необјавени клипови и  фотографии од зад сцената.

Јутјуб: https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w

Фејсбук: https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/

Инстаграм:https://www.instagram.com/fcerasninovosti/

Пишете му и на Спиро Енергија на spiroenergija69@yahoo.com

Премиера: Секоја недела во 19:10 на Телма

Репризи: недела 23:05 часот, понеделник и четврток после 16 часот