Како ни текна „Мењам козу“

Ако провртиш низ тв каналите ќе видиш дека има мнооогу еднолична понуда. И не е тоа само кај нас. По цел свет најголем тренд е да се прават ријалити шоуа. Балканов не заостанува.

Сте го виделе „Мењам жену“? На кого му текнал тој концепт?! Да “мењам” моја жена за туѓа. Малце ти е таа твојата дома, па ај уште една од некој друг тип. Не знам дали даваат за тоа награди ама не награда, треба после инвалидска пензија да му дадат на човекот! Или она “Брачни судија”. Демек нешто не им чини во бракот па одат на телевизија да го решат. Тој јадниот хрчел, па бабава пред 20 милиони луѓе го издава… Или “Прељубници” кај што типот оди во редакција и вика „Мислим да моја жена има љубавник. Па би вас молио да помогнете око тога ал да то буде дискретно.” Дискреција бара од телевизија што ја гледаат потенцијални 20 милиони…

Но, тоа е тоа. Ние како луѓе си имаме некоја луда потреба да гледаме други луѓе во навидум „природни„ ситуации, а се тоа да е местено и вештачко. Ние точно знаеме дека е така, ама ете ни се допаѓа. Како вицот – оди човек во стриптиз бар, девојката му игра на шипка и овој вади пари од монопол и и ги дава. Девојкава цела збунета му вика – ова не се вистински пари. Овој и враќа – и тоа не се вистински гради.

Кога веќе фатил така трендот, решивме и ние да се придружиме. Затоа, во следната 1на1, не го пропуштајте нашето ново реално шоу – МЕЊАМ КОЗУ! Сабота на Алфа, во 21.30ч. И знаете што? Многу е подобро од овие другиве.